Ливерпул првпат во клупската историја ja сочува мрежата во првите три меча во ЛШ

Ливерпул првпат во клупската историја не прими гол во првите три кола од групите во ЛШ. По убедливите 5-0 против Аталанта, Црвените остварија 8-0 гол-разлика.

Во сите три средби играше 19-годишниот Рис Вилијамс. Јирген Клоп е принуден да го користи младиот англиски стопер поради тешката повреда на Вирџил ван Дајк, но и отсуството на Фабињо. Се чини дека Клоп има златно дете во својот состав, воедно и долгорочна замена за Ван Дајк.

Очигледно е дека Вилијамс му носи среќа на англискиот шампион, а напоредно на добар начин ја возврати дадената доверба од германскиот стратег.

- Оглас -

Најнови вести