Ливерпул рутински до победа против најслабиот тим во Премиер лигата (Видео)

Ливерпул во чекор го следи Арсенал и со победата над најслабиот тим во Премиер лигата, дојде на минус два од Топчиите. Ливерпул по новата победа има 34 бода, додека лидерот на табелата, Арсенал, има 36.

Црвените до победата над Шефилд јунајтед, кој во 15 меча досега освои само пет бода, дојдоа со головите на Вирџил ван Дајк во 37-мата минута и на Доминик Собослаи во последните моменти од мечот.

Брајтон ја продолжи традицијата да дава и да прима голови на секој натпревар во Премиер лигата сезонава. Брајтон пред своите гледачи го совлада Брентфорд со 2:1 и во 15-тиот меч по 15-ти пат одигра „гол-гол“.

Гостите поведоа со голот на Мбеумо од пенал во 27-мата минута.

До крајот на првиот дел, Паскал Грос го израмни резултатот, а во второто полувреме Џек Хиншелвуд погоди за целосен пресврт и победа на Брајтон.

Најубедливата победа вечерва ја оствари Фулам, кој со 5:0 го совлада Нотингам форест. Хименес и Ивоби дадоа по два гола, а точка на мечот стави Карни во 86-тата минута. Борнмут како гостин го совлада Кристал палас со 0:2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести