Англискиот премиерлигаш Ливерпул се обидува да го купи шпанскиот репрезентативец и фудбалер за врска на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди. Клубот од „Енфилд“ активно работи на ангажман на нов дефанзивен фудбалер од средниот ред, кој треба да биде и првото засилување за Ливерпул ова лето.
Досега единствено Ливерпул од целата Премиер лига сè уште нема ново засилување во овој трансферен прозорец.
Откупната клаузула во договорот на Зубименди изнесува 60 милиони евра. Ливерпул ќе се обиде да договори пониска сума, но тоа ќе биде тешка задача. Дополнително, Црвените треба да го убедат 25-годишниот европски шампион со Шпанија да го избере нивниот тим за следна дестинација.
За Мартин Зубименди има сериозен интерес и од други клубови од Премиер лигата, вклучувајќи го и Арсенал. Барселона, пак, се обидува да го доведе Зубименди уште од минатото лето.
Зубименди беше резерва на Родри за време на Европското првенство, но блесна во финалето против Англија, кога на полувремето го замени повредениот ас на Манчестер сити.