Ливерпул се распаѓа, најдобро е Клоп да си замине

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Дитмар Хаман, смета дека работите не функционираат сезонава во екипата и најдобро би било менаџерот Јирген Клоп да си замине од „Енфилд“.

„Ако налето не ангажираат добри фудбалери, мислам дека Клоп нема да ја води екипата следната сезона. Не можам да замислам Клоп да остане во Ливерпул ако не се бори за титулата. Конкуренцијата е многу силна и мислам дека за двете страни е најдобро тој налето да си оди“, смета Хаман.

Германецот вели дека сезонава резултатите се катастрофални и екипата се распаѓа.

„Во последните неколку месеци екипата се распаѓа. За тренер кој е толку долго во клубот, мислам дека е невозможно да успее да ги исправи работите“, додава Хаман.

Ливерпул по 26 одиграни натревари во Премиер лигата, се наоѓа на шестото место со 42 бода, дури 24 помалку од лидерот Арсенал и шест помалку од Тотенхем кој е четврти и се наоѓа на позиција која носи пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести