Ливерпул се враќа назад на местото на злосторот

Атлетико Мадрид – Ливерпул (1/8-финале ЛШ, 21ч)

Одбраната на европската титула Ливерпул ја започнува на стадионот каде што првично ја освои, на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид. Црвените со гостувањето кај Атлетико ќе означат старт на нокаут-фазата во најелитното натпреварување, а се очекува двете екипи предводени од исклучително талентираните стратези да приредат супервозбудлив меч.

Јирген Клоп за првпат откако го предводи тимот од „Енфилд“ ќе има прилика да се соочи со Јорганџиите на Диего Симеоне, на кои не им се даваат многу шанси со оглед на тоа каква сезона има Ливерпул. Европскиот првак доминира во Премиер лигата, додека е во серија од 14 меча без пораз во сите натпреварувања ако се смета оној од Астон вила во Лига купот, а воедно Црвените немаат примено гол во изминатите четири средби.

Од поразот во финалето во шпанскиот Суперкуп, Атлетико забележа само еден триумф, и тоа со минимални 1-0 против Гранада, додека губеше бодови во дуелите против Реал Мадрид, Валенсија, Еибар и Леганес. Фактот што избраниците на Чоло не се во добра форма, е причина повеќе за Ливерпул да се надева на добар резултат во шпанската престолнина за да заврши половина од работата во пресрет на реваншот.

Предлог тип: X2 & 1-3 (1.95)

 

Борусија Дортмунд – Пари Сен Жермен (1/8-финале ЛШ, 21ч)

ПСЖ не само што ќе треба да се бори против атрактивните Милионери, туку ќе мора и да се сноси со притисокот од Жолтиот ѕид на „Сигнал Идуна парк“. Предводникот на Светците, Томас Тухел, се враќа на добро познато место, беше тренер на Дортмунд две сезони, пред да го прифати предизвикот во Париз.

Двата меча од групната фаза од Лигата на Европа во 2010 година се единствени средби меѓу Дортмунд и ПСЖ, а и во двата наврати не се истакна победник при ремија од 1-1 и без голови. Милинерите фатија победнички ритам со убедливите 4-0 против Ајнтрахт, додека ПСЖ се соочи со интересен предизвик изминатиов викенд во голеадата против Амиен од 4-4.

Посебно внимание ќе се обрне на напаѓачкото дуо Халанд-Санчо, од кое се очекува да им прави проблеми на Тијаго Силва и дефанзивната линија на гостите.

Предлог тип: 0-1I & 2+II (2.80)

 

Мадервел – Сент Мирен (Шкотски куп, 20:45ч)

Првиот дуел не донесе победник иако Мадервел беше поблизу до пласман во четвртфиналето. Сега како домаќини ќе треба да ја оправдаат фаворитската улога против екипата која ја совладаа во два наврати во шампионатот оваа сезона и тоа без примен гол.

Во пресрет на овој меч, формата е катастрофална и на двете екипи. Сент Мирен нема запишано триумф веќе шест меча, Мадервел одигра еден меч помалку, исто така без резултатски успех. Од 2011 година, па досега Сент Мирен само еднаш се радуваше на „Фир парк стадионот#, а загуби четирипати.

Предлог тип: 1 & T12+ (2.40)

 

Денис Истомин – Милош Раониќ (АТП 250 САД, 18:30ч)

Раониќ е еден од фаворитите на овој турнир, а воедно има поголеми шанси да го добие дуелот против искусниот Истомин. Канаѓанецот во четири средби против узбекистанскиот тенисер победи без да загуби сет, а денес за првпат ќе ги одмерат силите на тврда подлога. Раониќ воедно цели да го освои трофејот бидејќи во 2017 година стигна до самото финале, но го предаде мечот поради повреда и му ја додели титулата на домаќинот Џон Сок.

Предлог тип: Точен резултат 0:2 (1.53)

 

Алјаз Бедене – Карен Хачанов (АТП 250 Марсеј, 20:30ч)

Хачанов тргнува по втора титула на турнирот во Марсеј откако претходно издоминира во 2018 година. Во средбата со тенисерот, кого трипати го совладал со иденчтични 2-1, Русинот ќе се обиде што побрзо да се пласира во следното коло.

Сите три дуели на Хачанов и Бедене се одиграа на тврда подлога, но досега не играле на француско тло, иако тоа не прави голема разлика.

Предлог тип: 2 & >22,5 гемови (2.60)

- Оглас -

Најнови вести