Ливерпул шоу на Енфилд роуд: До 42 минута беше 0:0, а во 50 минута го „дроби“ Манчестер јунајтед со 3:0 (Видео)

Дербито меѓу најголемите англиски ривали Ливерпул и Манчестер јунајтед, многу веројатно ќе им припадне на домаќините на „Енфилд роуд“. Ливерпул води со 3:0 по 50 минути игра, а интересно е дека сите три погодоци беа постигнати во краток временски период од играта.

До 42 минута немаше погодоци, а потоа Гакпо донесе голема радост за домашните фанови и водство на Ливерпул од 1:0 на полувремето. На почетокот на второто полувреме Црвените започнаа фуриозно и постигнаа два гола за пет минути.

Дарвин Нуњез со глава погоди за 2:0 во 47 минута, а три минути подоцна повторно Гакпо стапи на сцена и ја затресе мрежата на гостите за предност од 3:0.

- Оглас -

Најнови вести