Ливерпул со фешта во која имаше осум гола ја заврши очајната сезона, испаднаа Лидс и Лестер

Ливерпул кој ја има најлошата сезона под водство на Јирген Клоп одигра спектакуларен меч со дури осум гола на гостувањето кај Саутхемптон, во меч од последното коло во Премиер лигата. Англискиот гигант водеше со 2:0, потоа Саутхемптон постигна четири погодоци во низа, за да до крајот на средбата. Ливерпул сепак се спаси од пораз и дуелот заврши 4:4.

Арсенал без проблеми со 5:0 победи против Вулверхемптон, Манчестер јунајтед со 2:1 славеше над Фулам, а Њукасл ремизираше 1:1 кај Челзи.

Во борбата за опстанок, освен Саутхемптон кој од порано беше испаднат, од елитното друштво испаднаа и Лидс и Лестер. Лидс дома загуби од Тотенхем со 4:1 и остана на 31 бодови, а Лестер иако со 2:1 го победи Вест хем, на крајот собра 34 бодови, што беше недоволно за опстанок.

Евертон со 1:0 го победи Борнмут и овие три бода се златни за тимот од Ливерпул, затоа што на крајот стигна до 36 бодови и заврши на 17 место, последно кое носеше спас. Во останатите мечеви кои се одиграа во последното коло: Астон вила – Брајтон 1:0, Брентфорд – Манчестер сити 1:0 и Кристал Палас – Нотингем Форест 1:1.

Конечна табела: Манчестер сити 89 бодови, Арсенал 84, Манчестер јунајтед 75, Њукасл 71, Ливерпул 67, Брајтон 62, Астон вила 61, Тотенхем 60, Брентфорд 59, Фулам 52, Кристал Палас 45, Челзи 44, Вулверхемптон 41, Вест хем 40, Борнмут 39, Нотингем форест 38, Евертон 36, Лестер 34, Лидс 31, Саутхемптон 25.

- Оглас -

Најнови вести