Ливерпул видно оштетен: ВАР „заспа“ за раката на Канте (видео)
На толку спорни досудени ситуации, во овој случај немаше дилеми дека треба да се додели најстрога казна во корист на Црвените.

Ливерпул и Јирген Клоп дефинитивно ќе имаат што да кажат околу арбитражата на Мартин Еткинсон, како и нереакцијата на ВАР-системот. Црвените видно се оштетени во 48-мата минута, кога ударот на Фирмино заврши во раката на Канте, која му беше далеку од телото, а целата ситуација се случуваше во шестнаесетникот.
Главниот арбитер воопшто не реагираше и продолжи со игра, а немаше ниту реакција и од ВАР-собата, каде што спорниот момент со сигурност се проверувал неколкупати.