Ливерпул во вистински момент гостува кај Вест хем

Во минатото коло, Ливерпул не го искористи киксот на Сити, а сега е нов тест за психичката стабилност на фаворитот за титулата во Премиер лигата, па дуелот со Вест хем во Лондон е меч кој не треба да се заобиколи при типувањето во SPORT LIFE.

Квотите на денот нудат и по еден меч од италијанското и шпанското првенство, а ние како дополнување ви предлагаме уште две средби во Италија.

 

Фрозиноне – Лацио (19.00 часот)

Домашните се борат за опстанок, а откако победи во минатото коло против Џенова, Фрозиноне сега со оптимизам влегува во дуел со Лацио. Римските „орли“ играат променливо. Беа поуспешни од Интер во Купот, а редно е да победат и во Лигата, каде што на претходните три средби не успеаја да освојат полн плен и секогаш играа со 2-3 гола.

Предлог тип: 2-2 & 2+ (2.50)

 

Вест хем – Ливерпул (21.00 часот)

Ливерпул со победа ќе ја зачува предноста која ја имаше пред ова коло во однос на Манчестер сити, а дуелот со Вест хем е како порачан за „црвените“. Вест хем има три порази по ред, а „чеканите“ имаат и четири порази по ред во дуелите со Ливерпул. На последните пет меѓусебни мечеви паѓаа барем 4 голови.

Предлог тип: Т2 1+&1+ II (2.10)

 

Рајо Валјекано – Леганес (21.00 часот)

Тимот на голманот Столе Димитриевски по серијата добри резултати, има шанса да избори опстанок. Четири победи и едно реми во последните пет меча се форма која ќе сакаат да ја збогатат и во малото мадридско дерби. Ова е дуел за опстанок, двата тима имаат по 23 бода, а Леганес славеше како гостин против Рајо на четврти декември во Купот.

Предлог тип: 1+I& 3+ (2.70)

 

Калјари – Аталанта (21.00 часот)

Аталанта игра добро во последно време, на последните шест меча во сите натпреварувања има четири победи и две нерешени и секогаш даваше барем два гола. Калјари не знае за победа во 2019 година. Според традицијата, не би требало да има повеќе од два гола, но тимот од Бергамо е во голгетерска форма.

Предлог тип: 0-2 гола (2.15)

 

Палермо – Фоџа (21.00 часот)

На Фоџа ѝ требаат бодовите во битката за опстанок бидејќи има само еден бод повеќе од Кротоне, кој е во зоната на испаѓање. Палермо со победа ќе биде прв, но има два порази по ред, а Фоџа на претходните два меча одигра 0-2 гола. Традицијата најавува „гол-гол“, но не повеќе од три погодоци. Од Македонците, ќе игра само Трајковски, а Несторовски е повреден.

Предлог тип: 1 (1.80)

- Оглас -

Најнови вести