Ливерпул замената за Мане ја најде таму каде што го продаде Сенегалецот

По заминувањето на Садио Мане, Дивок Ориги и Такуми Минамино, Јирген Клоп остана краток во ротација на крилните позиции. Затоа Ливерпул се пушти во потрага по уште еден страничен офанзивец, а се чини дека изборот се падна на Серж Гнабри.

Црвените би пазареле таму каде што го продадоа Сенегалецот, токму во Баерн Минхен. Гнабри влегува во последната година од договорот со германскиот првак, а бидејќи нема намера да го продолжи, тој е ставен на трансфер-листа.

Наводно се подготвува понуда од 40 милиони фунти, отприлика сумата за која Мане се пресели во Минхен. Сепак, англискиот вицепрвак не е сам во трката за потписот на Гнабри, интерес покажува и Реал Мадрид, но Кралевите би го чекале идното лето како слободен играч отколку сега да потрошат средства.

- Оглас -

Најнови вести