Логиката вели дека Баер Леверкузен ќе слави во Бремен

Вердер – Баер Леверкузен (фудбал, Германија, Бундеслига, 20.30 часот)

Тимовите од Бремен и Леверкузен најдолго го чекаа своето враќање на теренот и мотивацијата нема да им изостане. Пред паузата, Аспирините беа во многу подобра форма, имаа четири победи на последните пет меча, додека Вердер имаше четири порази на пет средби, но прашање е каква е состојбата сега. Гостите се фаворити, тие на последното гостување во Бремен победија со 6-2. Вердер што и да направи, ќе остане претпоследен на табелата.

Предлог тип: 2 (1.70)

 

Сагадам – Небитчи (фудбал, Туркменистан, 14.15 часот)

Сагадам е фаворит според сите параметри. На последните четири лигашки натпревари има три победи и едно  реми, а на последните пет меѓусебни дуели на овие тимови паѓаа 2-3 гола и претежно победува Сагадам. Двата тима се неефикасни сезонава, статистички не би требало да паднат повеќе од три погодоци.

Предлог тип: 1 & 0-3 (1.76)

 

Енергетик – Мерв (фудбал, Туркменистан, 15.00 часот)

Ова се двете последнопласирани екипи на табелата во туркменистанската лига. Ќе се води борба за опстанок и сите опции се во игра. Мерв има четири порази на последните пет меча, додека Енергетик има три порази по ред. Можеби најреално е мечот да заврши нерешено без многу голови, но Мерв нема освоено бод на гостинси терен уште од август.

Предлог тип: 1Х & 0-2 (1.97)

 

Копетдаг – Ашхабат (фудбал, Туркменистан, 15.00 часот)

Пресметка на два тима од главниот град. Кепетдаг е во подобра форма, има две победи по ред, а гостите се променливи, на последните три меча по еднаш имаа победа, пораз и нерешено. Играњето дома и традицијата од последните дуели му дава предност на Копетдаг. И тука не би требало да има дожд од голови.

Предлог тип: 1-1 (2.60)

- Оглас -

Најнови вести