Лондон, Милано и Рим ја чуваат тајната за успех на Спортска прогноза и „ајфон 12“

Шестото коло на Спортска прогноза е вистински тест за сите мајстори за обложување што сакаат дерби-мечеви и интересни дуели од Топ-5 лигите во Европа, а клучот за успех и за освојување на „ајфон 12“ се крие во Лондон, Милано и Рим.

Во овие три града ќе се играат четирите големи дерби-дуели викендов што доаѓа, а стартот е во сабота, во 13.30 часот, со мечот меѓу европскиот првак Челзи и англискиот шампион Манчестер сити.

Овој дуел ќе се игра на „Стемфорд бриџ“ во Лондон и со почетокот, односно до 13.30 часот може да се одиграат комбинациите за шестото коло на Спортска прогноза.

Во Лондон ќе се игра уште едно дерби, и тоа вечното меѓу ривалите од северниот дел на градот, Арсенал и Тотенхем. Овој меч е на распоред во недела, од 17.30 часот.

Уште две големи загатки што ќе треба да се решат за да се стигне до „ајфонот“ ќе бидат италијанските натпревари во Милано и Рим. Во градот на модата Интер ќе го игра дербито со Аталанта во сабота од 18 часот, како загревање за спектаклот во Вечниот Град, Рим, каде што во недела од 18 часот ќе гори на „Олимпико“ на пресметката меѓу градските ривали Лацио и Рома.

Спектакуларното коло ќе заврши во понеделник, со мечот меѓу Кристал палас и Брајтон, а оваа рунда е една од највозбудливите во досегашните четири сезони на Спортска прогноза и е вистински предизвик да се одигра за вредни награди што ги доделува Sport Life.

Со погодени 13 натпревари се добива „ајфон 12“, а се наградуваат и утките во играта што е бесплатна и многу забавна. Со едно промашување, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со две утки ви следува ваучер од 500 денари.

Награди има и за најдобрите прогнозери во Генералиот пласман, а по завршување на четвртата сезона, шампионот ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи. Квартетот што ќе биде пласиран од второто до петтото место ќе биде награден со многу поени што можат да се искористат за пазарење во СЛ маркетот.

Учеството во играта е бесплатно, а сè што е ви е потребно да бидете прогнозер на Спортска прогноза во организација на Sport Life и нашиот портал е да имате СЛ картичка, која исто така е бесплатна и може во експресен рок да се добие на сите обложувачки места на Sport Life.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести