Лондонскиот маратон заврши како да е трка на 100 метри (Видео)

Во атлетиката сме навикнати да гледаме драматични финиш-дуели на трките кои се на пократките патеки, како што се 100, 200 и 400 метри. Сепак, дека драма до последниот метар може да има и на маратонските патеки кои се над 42 километри, се покажа вчера во Лондон.

На еден од најпрестижните маратони во светот се случи неверојатен финиш во којшто учествуваа тројца маратонци. Во последните околу 200 метри, тројцата атлетичари трчаа еден покрај друг и имаа подеднакви шанси за победа. На крајот, Шура Китата од Етиопија мина прв низ целта со време од два часа, пет минути и 41 секунда. Веднаш зад него низ целта влегоа и Винсент Кипчумба и Сисаи Лема.

Во ист ден со лондонскиот маратон, вчера се трчаше и скопскиот маратон на кој победи Украинецот Серхи Шевченко.

- Оглас -

Најнови вести