Лондонското дерби ќе му припадне на гостинот

Остануваат уште 48 часа за да прогнозирате во 33-тото коло на Спортска прогноза, а со тоа да бидете во трка за освојување на главната премија мобилен телефон „ајфон 12“. За освојување на „ајфон 12“ потребно е да се погодат сите 13 пара во понудата, но доколку имате една или две промашени, тука се и вредносните ваучери од по 1.000 и 500 денари во Sport Life.

На понудата за ова коло се дуели од петте најсилни лиги во Европа, а еден од најатрактивните мечеви ќе биде тој во Лондон, меѓу градските ривали Вест хем и Арсенал. Според досегашните прогнози, Топчиите се фаворити за победа и речиси 60 отсто од прогнозерите веруваат во „двојка“, додека помалку од 20 отсто се за триумф на Вест хем.

Освен овој дуел, тука се и уште 12 интересни меча, а за кои средби станува збор, може да видите со кликнување на копчето ПРОГНОЗИРАЈ.

- Оглас -

Најнови вести