Лопетеги: Интер е комплетен тим

Севилја и Интер вечерва ќе разигруваат за трофејот во Лигата на Европа, а во пресрет на финалето во Келн, тренерот Хулен Лопетеги се изјасни колку го почитува Интер и работата на Антонио Конте.

Лопетеги не се сомнева дека Нераѕурите се доволно квалитетни да се борат за Скудетото во Италија, па не е изненадување што стигнаа до самото финале во ЛЕ.

„Како и секој тим што го предводи Антонио Конте, Интер има комплетен и многу квалитетен состав. Играчите кои се во тимот се доволно квалитетни да ја нападнат титулата во Серија А, нападот им е многу опасен, а одбраната цврста и тешко пробојна. Како и да е, ние сме самоуверени дека можеме да одговориме на предизвикот ако ја играме нашата игра. Ќе пристапиме со почит, но истовремено мора да останеме фокусирани сите 90 минути ако сакаме да ја добиеме оваа битка“, истакна Лопетеги.

Финалето е закажано во 21 часот, а според квотите во Sport Life, Интер има поголеми шанси да победи при квота 2.25, наспроти „кецот“ на Севилја, кој изнесува 3.50 коефициент.

- Оглас -

Најнови вести