Лоренцо Инсиње се запозна со Леброн Џејмс, многумина забележаа неверојатна разлика (Фото)

Лоренцо Инсиње е нова фудбалска ѕвезда откако по 10 години поминати во Наполи, реши да замине во МЛС во САД и сега е играч на Торонто. Италијанскиот репрезентативец на социјалните мрежи се пофали дека се запозна со најголемата НБА ѕвезда, Леброн Џејмс.

Двете спортски ѕвезди се сретнале во еден суши ресторан во Торонто, а беше забележан моментот кога двајцата се ракуваа. Тоа што на многумина им остави впечаток е моментот кога двајцата се поздравуваат и разликата во големината на рацете.

Инсиње е висок само 163 сантиметри, додека Леброн е висок 206 сантиметри, што значи дека кошаркарот е речиси половина метар повисок од фудбалерот. Затоа и не беше чудно што при поздравувањето, раката на Инсиње делува како раче на некое мало дете.

- Оглас -

Најнови вести