Лорис одбрани пенал како мачка, но престапи, па прими гол од втор обид (Видео+Фото)

Иго Лорис одлично му одбрани пенал на Јури Тилеманс во шестата минута на дуелот меѓу Тотенхем и Лестер, но ВАР системот и судиите во ВАР собата му сугерираа на судијата Хупер да го повтори ударот од белата точка.

Голманот на Тотенхем за малку направи престап, односно и двете нозе не му беа на гол-линијата, што е недозволено и пеналот се повтори, а Тилеманс храбро пак упати удар во истиот агол и овојпат погоди.

https://twitter.com/jonnyhamme/status/1571176994989084679?s=20&t=F7EQfXHw-QeVYS4nzggGHw

Радоста на гостите траеше многу кусо и Хари Кејн веќе во осмата минута израмни на 1:1, со својот 189-ти гол во Премиер лигата, a Ерик Даер со погодок во 21-та минута направи комплетен пресврт.

 

- Оглас -

Најнови вести