Два порази денеска претрпеа македонските екипи ТФТ Скопје и Пелистер во АБА 2 лигата, а и двата беа со двоцифрена разлика.
Пелистер најави незгоден ден на Јадранот за нашите екипи со пораз од 83:73 кај Широки Бријег, а потоа и ТФТ Скопје е поразен убедливо со 93:83 на гостувањето кај Крка.
Словенците се четвртата екипа што го победуваат тимот од Скопје со двоцифрена разлика, а лошо за ТФТ е што сите порази им се со 10 или повеќе поени разлика.
Лехлан Андерсон со 20 поени беше најефикасен кај ТФТ Скопје и на мечот, а Батрик даде 14 поени.
Двоцифрен број поени кај скопјани имаа и Ташовски 11 и Николов точно десет.
ТФТ е последен на табелата со биланс 0-4, а Пелистер е на шестото место со две победи и еден пораз.