Лоши се прогнозите за ѕвездата на Манчестер сити

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер сити, Кевин де Брујне може да го пропушти стартот на новата сезона во Премиер лигата. Овие негативни прогнози стигнуваат по повредата на белгискиот репрезентативец во финалето на Лигата на шампиони.

Де Брујне се пожали на болки во бутниот мускул на ногата и по само 36 минути игра на дуелот против Интер, мораше да биде заменет. На негово место влезе Фил Фоден.

Според првичните прогнози, повредата може да бара мирување и повеќе од два месеци, што значи дека Манчестер сити во стартот на новата сезона да започне без еден од главните фудбалери.

 

- Оглас -

Најнови вести