Лоши вести во најава за Белгија

Белгиската јавност ќе ги чека со нетрпение резултатите од деталните прегледи и снимките на повредените Кевин де Бројне и Еден Азар. По скапо платената победа над Португалија, немаа многу време за радост бидејќи тој осминафинален меч предвреме го завршија двете ѕвезди од чие здравје многу зависат резултатите на тимот.

Голманот Тибо Куртоа по мечот со Португалија, изјави дека ова ЕП најверојатно е завршено за капитенот Азар, бидејќи и обична мускулна повреда значи пауза барем од десет дена, а за Де Бројне рече дека не може да го свитка зглобот на ногата.

Поради можноста да не играат Де Бројне и Азар, во Sport Life квотите за четвртфиналето Белгија – Италија ги фаворизираат Италијанците. Иако Белгија би била фаворит ако е комплетна, сепак, во моментов букмејкерите во ваква ситуација им даваат предност на Аѕурите.

- Оглас -

Најнови вести