Лоши вести за Јуве, без Влаховиќ на дербито против Милан

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, го објави списокот на фудбалери на кои смета за вечерашното дерби против Милан, а на листата го нема Душан Влаховиќ.

Српскиот напаѓач кој е прв стрелец на Јуве сезонава со 10 лигашки голови, на тренинг се здоби со повреда на мускул на ногата, и не може да игра против Росонерите.

На листата на повредени кај Старата дама се и Погба, Де Шиљо, Фаџоли, а добра вест е што се враќаат Данило и Квадрадо кои паузираа поради суспензии, додека Бонучи и Алекс Сандро се на листата, но нема да бидат стартери. Во отсуство на Влаховиќ, во шпицот на нападот би требало да биде Кен или евентуално Милик.

- Оглас -

Најнови вести