Лоши вести за Милан пред првиот меч во ЛШ по пауза од осум години

Седумкратниот европски првак Милан по пауза од осум години, повторно е дел од елитната Лига на шампиони. Росонерите гостуваат на еден од европскиот гигант Ливерпул и тоа е дуел на две екипи кои заедно имаат дури 13 европски круни.

Милан одлично започна во првенството и има три победи од три меча, а на последниот меч по повредата се врати и Златан Ибрахимовиќ. Првата ѕвезда на тимот влезе како резерва, но и тоа беше доволно да постигне гол. Иако се очекуваше токму Златан да биде главен адут на Милан на утрешниот меч, шведскиот голгетер нема да игра.

Според најавите од познатиот новинар Фабрицио Романо, Ибрахимовиќ има проблем со Ахиловата тетива и ќе мора да мирува одреден период.

 

- Оглас -

Најнови вести