Голема трагедија се случи за време на изградба на хотелот на Кристијано Роналдо во Мадрид. Еден градежен работник пропаднал од осми спрат низ отворот за лифтот и паднал. Иако Брзата помош веднаш пристигнала, несреќниот работник починал на самото место, а лекарите само констатирале смрт на човекот кој имал 41 година.
Хотелот кој е во изградба ќе биде втор на Роналдо во Мадрид, а вкупно четврти бидејќи Кристијано веќе има отворено два хотели во Португалија.