Лоши вести за Сити, Де Бројне може да го пропушти дербито против Ливерпул

Манчестер сити може да има големи проблеми пред дуелот со Ливерпул. „Граѓаните“ заостануваат седум бодови во однос на лидерот Ливерпул и се под притисок дека мора да победат. Но, актуелниот првак може да добие сериозен удар пред дербито, бидејќи на повреда на мускулот на ногата се пожали Кевин де Бројне.

Еден од најдобрите играчи на Сити го пропушти мечот против Саутхемптон, a според најавите, тешко дека ќе биде подготвен и за дербито против Ливерпул. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, сепак се надева дека белгискиот репрезентативец во следните два-три дена ќе биде подобро и ќе може да помогне во дуелот кој се игра на трети јануари, а може многу да одлучи во трката за титулата во Премиер лигата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести