Ловрен е прескап за Милан, Србин е втората опција

Милан се откажа од потписот на Дејан Ловрен, искусниот дефанзивец на Ливерпул, бидејќи сумата која ја бара европскиот првак е превисока за Росонерите. Гигантот од Милано не сака да плати 25 милиони евра за триесетгодишниот дефанзивец, па затоа планот Б е да се ангажира одбранбениот играч на Шалке 04, Матија Настасиќ.

Српскиот интернационалец веќе има искуство во серија А, беше член на Фиорентина во сезоната 2011/12 пред да се пресели во редовите на Манчестер сити. Настасиќ од 2015 година ги брани боите на Шалке, а евентуалната преселба во Милан би била чекор напред во кариерата на Србинот.

Бундеслигашот го купи за 9,5 милиони евра, но сигурно ќе бараат повисока сума за Настасиќ, кој покрај тоа што игра во централниот дел во одбраната, може да ја покрива и левата бековска позиција.

- Оглас -

Најнови вести