Ловрен го „покоси“ синот со лизгачки старт, Класниќ бара црвен картон (Видео)

Дејан Ловрен објави видео на „Инстаграм“ како стартува со лизгачки старт во дуелот со својот малолетен син, а веднаш стигнаа реакции од неговите соиграчи или колеги од хрватската репрезентација.

„Ова е старт за црвен картон“, на шега прокоментира Иван Класниќ, кој е поранешен репрезентативец на Хрватска и соиграч на Ловрен во дресот со национални обележја.

https://www.instagram.com/p/B_K4vjjlizc/?utm_source=ig_web_copy_link

Дефанзивецот Домагој Вида има поинакво гледиште и во коментар на видеоматеријалот вели: Кој лежи, не бега од дуел.

Коментираше и ланскиот најдобар играч на планетата, Лука Модриќ, кој беше соиграч со Ловрен во Динамо Загреб во сезоните 2008/09 и 2009/10, а играчот на Реал Мадрид кратко објасни што му е задачата на Ловрен.

„Ова е твојот стил, не треба многу техника“, коментираше Модриќ.

 

- Оглас -

Најнови вести