Ловрен: Јас повеќе му фалам на Ливерпул отколку Ливерпул мене

Трансферот на хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен од Ливерпул во Зенит беше прилично изненадувачки, но разделбата со Црвените беше логична бидејќи Ловрен не беше во прв план кај Јирген Клоп. Хрватот премина во Русија и не се кае.

„Воопшто не ми е жал што си заминав од Ливерпул. Не бев среќен таму бидејќи не играв. Клоп добро го знае тоа. Во една порака ми напиша дека му недостасувам. Јас ништо не му одговорив. Сигурен сум дека јас ним им недостасувам повеќе отколку тие мене. Во Ливерпул научив многу, почнав поинаку да го сфаќам фудбалот, но таа фаза веќе е зад мене“, изјави Ловрен.

Ловрен во тимот од Санкт Петербург е стандарден.

„Не очекував дека веднаш ќе ми ја дадат капитенската лента. Мислев дека треба да поминам неколку години во клубот за да станам капитен. Јас сум лидер по природа, со или без капитенската лента. Сакам да комуницирам, да гинам на теренот, знам да се изразам“, додава Ловрен.

- Оглас -

Најнови вести