Ловрен објави слика од одморот, а главна ѕвезда на социјалните мрежи стана баба му

Дејан Ловрен по освојувањето на титулата во Русија со Зенит, ужива на краток одмор во Босна и Херцеговина, во селото Краљева Сутјеска каде живее неговата баба Иванка, бидејќи наскоро треб да почне подготовки за ЕП. Хрватскиот фудбалер е роден во Зеница, БиХ, а селото на баба му, е на 40 километри од таму.

Ловрен објави фотографија со баба му и „колачот без шеќер“, но сликата неочекувано стана хит поради друг детал. Навивачите на Ливерпул забележаа дека бабата носи црвен елек со амблемот на Ливерпул и фановите на овој клуб за кој Ловрен играше во минатото, оставаа позитивни коментари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести