Ловрен: Брзо ќе научам руски, Санкт Петербург е еден од трите најубави градови во Европа

Хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен, од Ливерпул прејде во Зенит, а по пристигнувањето во Санкт Петербург, почна да позира со својот нов дрес со бројот 6. Ловрен во Зенит ќе биде замена за Србинот Бранислав Ивановиќ кој си замина откако му истече договорот.

„Пред една недела почнав да го учам рускиот јазик. Имам апликација која ми помага со кирилицата. Добро ми оди, рускиот ќе ми биде петти јазик кој ќе го познавам. Доста зборови од рускиот ми се познати, бидејќи се слични со хрватските зборови. Мислам дека рускиот ќе го научам побрзо отколку другите јазици“ – рече Ловрен.

Ловрен додаде дека многу слушал за Санкт Петербург и мисли дека тој е еден од трите најубави градови во Европа.

„Одвај чекам да ги видам сите убавини за кои ми раскажуваа. Мислам дека Санкт Петербург ќе влезе во мојот список од три најубави градови во Европа. Се надевам дека и семејството ќе дојде наскоро, откако ќе заврши опасноста од коронавирусот. Дотогаш, ќе треба на децата да им најдам некое добро училиште тука“ – додава Ловрен.

- Оглас -

Најнови вести