Лозано и отпеа на Верона за 8.5 секунди, голот е најбрз во историјата на Наполи (Видео)

Хирвинг Лозано погоди за само 8.5 секунди за Наполи на гостувањето кај Верона и се запиша во клупската историја. Мексиканецот е стрелец на најбрзиот гол што играч на Наполи го постигнал во Серија А и во богатата историја на екипата од Југот на Италија.

Hellas Verona 0-1 Napoli – Hirving Lozano 1′ from soccer

Голот што го постигна Мексиканецот е и втор најбрз во историјата на Серија А, по тој што го даде Леао за Милан против Сасуоло исто така во оваа сезона.

Леао погоди за само 6.76 секунди од почетокот на мечот, а сега Лозано изби пред Поџи кој има дадено гол за 8.9 секунди и е трет најбрз стрелец во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести