Ложа во која може да се најдат само најснаодливите: Навивачи качени на дрво, го гледаа дуелот Хетафе – Барселона (Видео)

Хетафе и Барселона одиграа без голови на дуелот во предградието на Мадрид на стадионот „Алфонсо Перез“. Во меч на кој немаше погодоци, потегот за кој многумина зборуваат е во копродукција на тројца млади навивачи.

Дали немале пари да купат билети за да може да го следат овој меч од трибините или нешто друго е во прашање, но тројцата млади навивачи успеаа да се искачат на крошната на едно дрво кое се наоѓа во близина на стадионот и од таму да го гледаат дуелот.

Секоја чест за умешноста и снаодливоста на овие навивачи кои на крајот не успеаа да видат ниту еден погодок.

 

https://twitter.com/i/status/1647616745136353281

- Оглас -

Најнови вести