ЛШ ждрепка: Елмас против европскиот првак, „Бернабеу“ ќе ги види Нејмар и Мбапе

По денешната ждрепка во Монако, познати се групите за новата сезона во Лигата на шампионите. Најдобрите 32 екипи од Стариот Континент, поделени во осум групи ќе ги одмерат силите во битка да се обезбеди пласман во нокаут-фазата и потесниот круг од најелитното натпреварување.

Оваа сезона, финалето ќе се одржи на 30 мај на стадионот „Кемал Ататурк“ во Истанбул, градот кој последен пат беше домаќин кога Ливерпул ја освои петтата титула во историскиот камбек против Милан во 2005 година.

Актуелниот европски првак Ливерпул, одбраната на тронот ќе ја започне од групата Е, каде што за противници ќе му бидат Наполи, Салцбург и Генк, додека минатосезонскиот финалист Тотенхем ќе гостува во Белград против Црвена ѕвезда, како и Баерн Минхен и Олимпијакос.

Вториот македонски претставник во групната фаза, Аријан Адеми, со својот Динамо ќе се соочи против англискиот шампион Манчестер сити, Шахтар Донецк и Аталанта.

Можеби нема „група на смртта“, но има две интересни групи каде што ќе биде најнеизвесно, а тоа се групите Ф и Х.

група А: Пари Сен Жермен, Реал Мадрид, Клуб Бриж, Галатасарај.

група Б: Баерн Минхен, Toтенхем, Олимпијакос, Црвена ѕвезда.

група Ц: Манчестер сити, Шахтар Доњецк, Динамо Загреб, Аталанта.

група Д: Јувентус, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Локомотив Москва.

група Е: Ливерпул, Наполи, Салцбург, Генк.

група Ф: Барселона, Борусија Дортмунд, Интер, Славија Прага.

група Г: Зенит Санкт Петербург, Бенфика, Олимпик Лион, Лајпциг.

група Х: Челзи, Ајакс Амстердам, Валенсија, Лил.

Натпреварите од првото коло во 65-тото издание на Лигата на шампионите, се закажани за 17 и 18 септември.

- Оглас -

Најнови вести