Лу – Ла како порано, Интер рутински со Специја (видео)

Интер со „две од две“ тргна во новата сезона од Серија А, откако вечерва на „Џузепе Меаца“ рутински беше совладан тимот на Специја со 3-0.

Нероаѕурите по две кола се со максимален учинок, а вечерва проработе и старо-новото дуо меѓу Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинес.

Лукаку одлично му ја намести топката на Аргентинецот во 35-тата минута, а овој од надвор од шестнаесетникот шутираше од прва и погоди за 1-0.

Околу седум минути игра во вториот дел, на 2-0 зголеми Чалханоглу, додека конечниот резултат го постави Кореа во 82-та минута.

Останати резултати Серија А:

Торино 0-0 Лацио, Удинезе 0-0 Салернитана, Сасуоло 1-0 Лече.

- Оглас -

Најнови вести