Дерби-дуелот помеѓу Љуботен и Каменица Саса беше најинтересниот натпревар од четвртото коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија. Натпреварот со 2-0 го доби актуелниот шампион на Македонија, Љуботен, и тоа со двата погодоци на Хава Мустафа, во 52-рата и во 85-тата минута. Освен Љуботен, на максимален број бодови е и екипата на Тиверија Брера, која ова коло на домашен терен го победи Топ гол со 4-0. Токму Љуботен, Тиверија Брера и Каменица Саса оваа сезона ќе ја водат главната битка за титулата, која изминатите три сезони ја освојуваше екипата од Тетово.
Резултати:
Љуботен – Каменица Саса 2-0
Атлетико – Скопје 0-2
Истатов – Речица 4-0
Тиверија Брера – Топ гол 4-0
Екипата на Ас јунајтед беше слободна.
Табела: 1. Тиверија Брера 12, 2. Каменица Саса 9, 3. Скопје 9, 4. Љуботен 9 (-1), 5. Ас јунајтед 3 (-1), 6. Истатов 3 (-1), 7. Топ гол 0 (-2), 8. Атлетико 0, 9. Речица 0 (-1).