Љубовни партнерки првпат играа една против друга

На ВТА-турнирот во германскиот град Карлсруе, на терен една против друга играа белгиските тенисерки кои се познаваат многу добро од приватниот живот. Не станува збор за сестри, туку за девојки кои се во хомосексуална љубовна врска.

Алисон Ван Ујтванк, која има 25, и Гретје Минен, која има 21 година, се меѓу ретките тенисерки кои отворено зборуваат за својата сексуална определба, а вчера за првпат играа една против друга на официјален меч. Средбата беше неизвесна, траеше речиси два часа, а победи поискусната Ујтванк со 6-4, 1-6, 6-1.

Се разбира, по завршувањето на мечот, тенисерките си честитаа со бакнеж.

Ван Ујтванк е 65-та на ВТА-листата, таа има една титула во кариерата, а нејзината девојка е на 123-та позиција на светската ранг листа. Тие две играа заедно како дубл на неодамнешниот гренд-слем турнир Вимблдон.

- Оглас -

Најнови вести