Луческу не се предава толку лесно – Утре ќе биде промовиран во тренер на Динамо Киев

Мирчеа Луческу утре ќе биде промовиран во нов тренер на Динамо Киев, најавија и украинските и романските медиуми.

Искусниот тренер не се откажува толку лесно и покрај големите притисоци што ги трпеше по објавувањето дека се договорил со раководството на Динамо да им биде нов шеф на стручниот штаб.

Луческу е вистинска легенда во Украина, иако е Романец, но успесите, и тоа големи, ги градеше во друг клуб, во Шахтар Донецк.

Со нив освои дури 22 титули и го проби Шахтар како клуб во пристојни височини во Европа. Има и еден пехар од УЕФА купот во 2008/09, а за 12 години минати во Донецк, успеа да го предводи Шахтар и до 8 шампионски круни во првенството и да ја збогати колекцијата уште со 13 пехари во националниот куп и во Суперкупот на Украина.

Против неговото доаѓање протестираат навивачите на Динамо Киев, па Луческу беше под притисок, но не попушти и ќе се обиде да кормилари со немирниот брод на Динамо Киев.

Динамо е уникатна екипа и е рекордер по бројот на титули и во поранешниот СССР со 13 шампионски круни и во Украина со 15 пехари.

 

- Оглас -

Најнови вести