Луд меч: Губеа со 3:1, поведоа со 4:3, па примија гол во 94 минута, а на крајот пак победија

Последнопласираниот тим во Хрватска, Горица, на неверојатен начин стигна до победа на домашен терен во дуел против Истра со 5:4. Горица се бори да не испадне и влезе во добра форма, па во последните три кола освои седум од можните девет бодови.

Дуелот против Истра не навестуваше дека домаќините ќе победат, посебно откако гостите водеа со 3:1 на 15-тина минути до крајот. Во периодот од 79 до 83 минута, Горица постигна три гола и стигна до водство од 4:3, но тоа не беше крајот на возбудувањата.

Истра израмни со погодок во 90+4 минута, но домашните фудбалери не се откажаа од трите бода. Веќе во следниот напад, односно во 90+5 минута, Горица постигна и петти погодок за триумф од 5:4 и голема радост на домаќините.

Горица останува на последното 10-то место, со 16 бодови, а Истра остана на 31 бодови и моментално е на шестата позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести