Луд меч меѓу Лион и Монпеље, направија нешто што не се случило 75 години! (Видео)

Екипите на Лион и Монпеље одиграа луд натпревар кој заврши во корист на домашните со 5-4. Но, ова не беше обична голеада, ова беше натпревар за историја. Двајца фудбалери, по еден од секоја екипа, успеаја да постигнат “покер“ голови, односно по четири пати да ја затресат мрежата на противникот, нешто што се нема случено во Франција дури 75 години.Кај домашните тоа беше Лаказет, а кај гостите Ваи.

Сепак, тоа не е се од овој натпревар. Монпеље на полувремето водеше со 1-2, а се до 59-тата минута гостите имаа водство од 1-4. Следуваше пресврт кој ретко се гледа на фудбалските терени, а Лион победничкиот гол го постигна дури во деветтата минута од судиското продолжение на натпреварот.

Лион со оваа победа дојде многу блиску до излез во фудбалска Европа и се искачи на седмата позиција, додека Монпеље е во средината на првенствената табела без можност за излез во Европа, ниту опасност од испаѓање.

Головите од натпреварот може да ги погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести