Луд меч на „Олимпико“ во Рим, на крајот Рома се збогува од Европа

Најдраматичниот дуел кој вечерва се одигра во мечевите од Лига на Европа и Конференциската лига на УЕФА се одигра на „Олимпико“ во Рим. Тоа беше дуел меѓу Рома и Болоња во осминафиналето од Лига на Европа, а на крајот, гостите се радуваа на победа.

Италијанската пресметка во овој двомеч започна минатата недела кога резултатот беше 1:1. Вечерва Болоња иако беше во улога на аутсајдер, поведе со 1:0, а на полувреме водеше со 2:1. Со голот на Кастро во 58 минута Болоња поведе со 3:1.

Рома не се предаде и со погодоците на Мален и Пелегрини стигнаа до 3:3 во 80 минута, па откако немаше победник, мораше да се играат дополнителни 30 минути. Камбијањи беше херојот на Болоња со гол во 111 минута, носејќи водство на Болоња од 4:3. На крајот, токму овој погодок беше клучен и Болоња победи со 4:3 и се пласираше во четвртфиналето каде ќе игра против Астон вила.

Познати се сите четвртфинални мечеви во Лига на Европа и Конференциската лига на УЕФА:

ЛЕ – ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕ

Брага – Бетис

Фрајбург – Селта

Порто – Нотингем Форест

Болоња – Астон Вила

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА – ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕ

Шахтар – АЗ Алкмар

Кристал Палас – Фиорентина

Рајо Ваљекано – АЕК

Мајнц – Стразбур

*Натпреварите се играат на 9 и 16 април

 

- Оглас -

Најнови вести