„Луд“ меч во Чикаго: Летаа тројки на сите страни, на крајот судиите одлучија (Видео)

Индијана победи на гостувањето во Чикаго со 119:116, во меч на кој мораше да се играат дополнителни пет минути. Во регуларниот дел Индијана имаше предност од 104:102, а Богдановиќ даде едно од двете слободни фрлања за 105:102 и последен напад на Чикаго. Тогаш, Зек Лавин погоди тројка на три секунди до крајот и се избори за продолжение.

Во дополнителните пет минути повторно беше неизвесно до самиот финиш. При резултат 116:116, Индијана имаше напад за победа, а одговорноста ја превзема Виктор Оладипо, кој погоди тројка од девет метри. На семафорот останаа само 0,3 секунди до крајот, време кое е доволно да се исфрли топката, но од „одбојка“.

Чикаго го имаше последниот обид, кога Лавин ја доби топката и веднаш од свртување шутираше и погоди тројка за 119:119. Сите домашни навивачи во салата се израдуваа, но судиите решија да гледаат снимка, која покажа дека Лавин за 0,1 секунда задоцнил и не ја исфлил топката навреме од своите раце, па тројката за ново продолжение беше поништена и Индијана се израдува на триумф.

Резултати: Кливленд – Јута 91:117, Бостон – Далас 114:93, Чикаго – Индијана 119:116 (по продолжение), Мемфис – Бруклин 100:109, Мајами – Вашингтон 115:109, Минесота – Орландо 120:103, Милвоки – Атланта 144:112, Феникс – ЛА клиперс 111:121, ЛА Лејкерс – Њујорк 112:119, Портланд – Оклахома 109:111.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести