„Луда“ екскурзија: По Барселона и Мадрид, Рајола утре ќе биде на Островот за нови преговори околу Халанд

Мино Рајола, агентот на Ерлинг Халанд, заедно со Халанд сениор денес имаа бурен ден во кој преговараа со двата шпански гиганти, Барселона и Реал Мадрид, околу евентуален трансфер за неприкосновениот голгетер на Борусија Дортмунд.

Од Барселона каде што Рајола прво беше заприметен, претставниците на Халанд се упатија кон шпанската метропола каде што одржаа состанок со Кралевите. Ел Класико ривалите застанаа први во редот за да го убедат Халанд да потпише за еден од нив, но според најновите информации, Реал и Барса ќе имаат голема конкуренција од Островот.

Наводно, Рајола и Халанд сениор утре ќе бидат во Велика Британија, поточно во Англија, каде што ги очекуваат разговори со гигантите од Манчестер, Челзи и Ливерпул. Големата четворка ќе ги презентира своите проекти за евентуален ангажман на младата фудбалска ѕвезда.

Веќе е познато дека Милионерите нема да реагираат на оваа екскурзија која ја прави Рајола, односно не планираат да го пуштат Халанд да си замине во претстојното лето. Дортмунд очекува да го задржи Халанд во своите редови и за следната сезона, а потоа во летото 2022 година да го пушти за најмалку 150 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести