Луда понуда на Реал Мадрид – За Погба дава 100 милиони евра плус Герет Бејл

Пол Погба не игра поради повреда, но продолжува да биде во фокусот на вниманието, особено како можно зимско засилување за Реал Мадрид.

Зинедин Зидан не се откажува од ангажман на својот сонародник од Франција и подготви нов пакет со кој се сложува и раководството на кралскито клуб.

Најновата понуда е Реал да му плати на Манчестер јунајтед 85 милиони фунти, или нешто помалку од 100 милиони евра и да го испрати Герет Бејл на „Олд Трафорд“.

Црвените ѓаволи лестоска не дозволија трансфер на Погба во Реал Мадрид, а нивната проценка е дека францускиот ас вреди 180 милиони фунти, што беше премногу дури и за најтрофејниот европски клуб.

Реал потроши околу 300 милиони фунти за засилувања, но и не се откажува од ангажман на фудбалерот што беше меѓу најистакнатите на патот на Франција до титулата светски првак.

 

- Оглас -

Најнови вести