Луда среќа имаше Меси – На чудесен начин се спаси од тешка повреда (Видео+Фото)

Луис Адријан Мартинес со брутален старт се обиде да го сопре Лионел Меси и само чудо го спаси Аргентинецот од тешка повреда на мечот против Венецуела.

Домашниот репрезентативец влезе во игра во 25-та минута, а само 420 секунди подоцна ќе му ја скршеше ногата на Меси.

https://twitter.com/RobertoRojas97/status/1433589721230450691?s=20

Стартот беше со отворен ѓон директно на потколеницата на левата нога на Меси и само чудо го спаси од тешка повреда.

Судијата најпрво му покажа жолт картон на Мартинес, но потоа доби сугестија од ВАР-собата да го провери фаулот и ја смени одлуката и го исклучи домашниот играч.

Меси брзо успеа да стане и го продолжи натпреварот. Аргентина успеа да победи сo 3:1и да остане на второто место на табелата во јужноамериканските квалификации за настап на СП во Катар идната година.

- Оглас -

Најнови вести