Луда сцена во Србија: двајца играчи беа „киднапирани“, и со црни џипови ги донесоа во нов клуб! (Видео)

Футсал клубот КМФ Нови Сад, на оригинален, по малку и бизарен начин, на Инстаграм ги претстави своите две засилувања.

Слободан Рајчевиќ и Никола Матијевиќ беа „киднапирани“ од лица во црно и со качулки на главите, и „со сила“ беа донесени да потпишат за Нови Сад. Рајчевиќ беше „киднапиран“ од Зрењанин, а потоа маскираните луѓе во црно заминаа во Лозница од каде што го „грабнаа“ Матијевиќ.

Иако е јасно дека не станува збор за вистинско киднапирање и присилување да прејдат во Нови Сад, од клубот објаснија дека видеото е од шеговит карактер и служи исклучиво во маркетиншки цели.

Погледнете го видеото кое е хит:

 

- Оглас -

Најнови вести