Луда трка во Сингапур: Перез најдобро се снајде по дождот, кикс на Ферстапен 

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез славеше на трката за Големата награда на Сингапур доаѓајќи до втората победа сезонава, а вкупно четврта во кариерата.

Перез трката ја стартуваше од втората позиција, но уште на самиот старт го претекна возачот на Ферари, Шарл Леклер и до крајот до задржа лидерската позиција на трката која ја одбележаа излетувањата на поголем број возачи поради дождот.

Мексиканецот се наоѓа под истрага на стјуардите на ФИА, но евентуалната казна нема да му ја одзеде победата. Имено, Перез прерано тргна за време на рестарт на трката по излегувањето на безбедносното возило и за таков прекршок може да биде казнет максимално со пет секунди. Мексиканецот триумфираше пред Леклер со 7,5 секунди предност.

Третото место го освои вториот возач на Ферари, Карлос Саинс, четврти и петти беа возачите на Мекларен, Ландо Норис и Даниел Рикиардо.

Актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман, Макс Ферстапен трката ја започна од осмата позиција, но на стартот загуби четири позиции и падна на 12 место.

Сепак, успеа да дојде до петтото место по што почнаа проблемите за него. Поради лошите гуми, Ферстапен излета од патеката и мораше да замине во боксот по што падна на последното место. Сепак, до крајот на трката успеа да дојде до седмото место и да дојде до нови бодови кои го приближија до нова титула.

Следната трка ќе се вози идната недела за Големата награда на Јапонија.

- Оглас -

Најнови вести