Луда завршница: По две продолженија, шампионот се избори за мајсторка (Видео)

Торонто репторс го победи Бостон со 125:122 и тоа дури по две продолженија и се избори за решавачки седми меч во полуфиналето на источната конференција во плејофот на НБА лигата. Во регуларниот дел беше 98:98 на две минути до крајот и ниту една од двете екипи не постигна ниту еден поен, па мораше да се игра продолжение од пет минути.

Ниту по дополнителни пет минути немаше победник затоа што резултатот на семафорот беше 106:106. И во регуларниот дел, и во продолжението Торонто го имаше последниот шут за победа, но кошаркарите на Репторс промашуваа.

https://twitter.com/i/status/1303863851121651712

Победникот се дозна дури по 58 минути активна игра, а херојот беше Кајл Ловри, кој погоди на 11 секунди до крајот за водство на Торонто од 123:119. Ловри на крајот мечот го заврши со 33 поени. Кај Бостон најефикасни беа Браун со 31 поен и 16 скока, додека Татум заврши со 29 поени и 14 скока.

Лос Анџелес клиперс е на чекор до пласман во финалето на Западната конференција, откако стигна од предност од 3:1 во победи против Денвер. Во четвртиот меч Клиперси победија со 96:85 во меч на кој победникот се насетуваше уште по првата четвртина. Уште во првите неколку минути, тимот од ЛА поведе со 24:7 и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да поведе.

Денвер се врати во игра во третата четвртина, кога израмни на 48:48, но тоа како да беше аларм за Клиперс повторно да заиграат поактивно и за брзо време ја вратија двоцифрената предност од 69:53 и немаше драма во завршницата.

 

- Оглас -

Најнови вести