Луда завршница во Бруклин: Брадата со тачдаун додавање преку цел терен го реши дербито против Клиперс (видео)

Дербито на ноќта меѓу Бруклин и ЛА клиперс кое се играше во предградието на Њујорк им припадна на домаќините со минимални 124:120. Фантастичното додавање на Џејмс Харден до Грин преку цел терен на седум секунди до крајот го прекина шутерското шоу на двете екипи кои реализираа 40 поени во последните пет минути.

Како во американски фудбал, Брадата со тачдаун додавање го најде соиграчот, а Грин искусно изнуди и фаул за клучните поени, па неговото дополнително слободно фрлање како и двете погодени пенали на Ирвинг беа доволни за Нетс да се вратат во победнички ритам.

При резултат 102:102 на малку повеќе од пет минути до крајот, на двете екипи им беше поважно да постигнат повеќе поени занемарувајќи ја одбраната, па во лудата завршница Бруклин постигна 22 поени наспроти недоволните 18 на Клиперс.

Брадата запиша трипл-дабл учинок со 23 поени, 14 асистенции и 11 скока, но најефикасен играч на мечот беше Ирвинг со 39 поени и 6/8 тројки, додека Дурант заврши со 28 поени. На другата страна, Ленард се истакна со 33 поени, а не беа доволни 26 поени на Џорџ, ниту 21 поени на Батум и неговиот учинок 5/8 за три поени.

Останати резултати НБА: 

Орландо 108:123 Торонто, Индијана 134:116 Мемфис, Вашингтон 121: 132 Портланд, Голден стејт 107:111 Бостон, Јута 117: 105 Детроит.

- Оглас -

Најнови вести