Луда завршница во Чемпионшип, среќата на крајот му се насмевна на Вејн Руни

Вејн Руни како тренер на Дерби каунти, во последното коло од Чемпионшип во Англија, успеа да се спаси од испаѓање. Дерби ја заврши сезоната на 21 место, последно кое нуди спас од испаѓање. Малку фалеше Дерби и Руни да бидат меѓу оние екипи кои ќе одат во понизок ранг, но на крајот на свој терен одиграа 3:3 и го освоија посакуваниот бод.

Во драматичен меч, Дерби го пречека Шефилд кој беше последен, но со триумф имаше теорија да се спаси. Гостите водеа со 1:0 на полувреме, но на почетокот на вториот дел Дерби поведе со 2:1. Нова драма се случи кога Шефилд јунајтед даде два гола во 62 и 69 минута и водството од 3:2 даваше надеж за спас на испаѓање.

Сепак, во 78 минута Дерби даде нов гол и израмни на 3:3, што на крајот се покажа како доволен да се спаси од испаѓање и да не биде дебакл за Руни како тренер. На крајот, Шефилд јунајтед е последен со 41 бод, а испаѓаат и Ротерам кој има 42 бода и во последното коло одигра 1:1 на гости кај Кардиф. Ако Ротерам победеше, можеше да се спаси, но прими гол во 88 минута. Во понизок ранг ќе игра и Викомб кој заврши со 43 бода, додека Дерби е спасен со освоени 44 бода од 46 кола во Чемпионшип.

 

- Оглас -

Најнови вести