Луда завршница во Данска, шампионот се менуваше од минута во минута за на крајот пехарот да го крене Митјиланд

Митјиланд е нов шампион на Данска откако во неверојатна завршница на сезоната, освои бод против најслабиот тим во плејофот, Силкеборг, кој му беше доволен да заврши пред Брондби на табелата.

Пред стартот на последното коло, Брондби и Митјиланд имаа по 62 бода на табелата, а во случај да завршат со ист број на бодови, предност имаше Брондби.

Но, тоа не се случи бидејќи Брондби на домашен терен загуби со 2:3 од Архус кој немаше никаков резултатски императив, и му направи услуга на Митјиланд кој против Силкеборг имаше негатива од 0:2, но на крајот успеа да извлече бод играјќи 3:3.

Во 17-тата минута, Брондби со голот на Лауритсен поведе против Архус и беше лидер на табелата се до 53-тата минута од двата меча кога Митјиланд успеа да направи пресврт и од 0:2 поведе со 3:2.

Во 59-тата минута Архус поведе со 1:2 против Брондби кој пет минути подоцна израмни на 2:2. Но, во 78-та минута Архус повторно поведе со 2:3, додека на вториот меч за титулата, Силкеборг во 82-та минута израмни на 3:3.

Во тие моменти на Брондби му беше потребен гол за реми кој ќе му ја донесеше титулата, но не успеа да го постигне со што Митјиланд на крајот го освои првото место и е нов шампион на Данска.

- Оглас -

Најнови вести