„Луди“ историски рекорди за Стеф Кари и Грег Попович (Видео)

Голден Стејт вориорс е едиствениот тим кој славеше на домашен терен во супер интересната прва ноќ од плејофот во НБА лигата. Најзаслужен за триумфот на „воините“ беше Стеф Кари, кој го надмина досегашниот рекорд на Реј Ален по бројот на постигнати тројки во плејофот. Кари има 386 тројки и сега е на првото место на вечната листа на најдобри плејоф тројкаши.

Спектакуларно е што овие 386 тројки, Кари ги даде на 91 меча, а на Ален за 385 тројки му требаа 171 натпревари. Трети е Леброн Џејмс со 370 тројки на 239 меча.

Бекот Кари против Клиперс имаше 38 поени, седум асистенции и личен рекорд од 15 скока. Кевин Дурант придонесе со 23 поени пред да биде исклучен.

Погледнете ја тројката со која Кари го надмина Ален:

На Истокот, во двата меча славеа гостинските екипи кои поведоа со 1-0. Торонто по традициј, го загуби првиот меч од една серија, на драматичен начин беше поразен и мора да се вади на вториот, бидејќи после 0-2, само 7 проценти од екипите оделе понатаму.

Сан Антонио е најискусен тим во лигата според учествата во плејофот во последните 20-тина години, а тоа го докажаа и со триумфот кај Денвер, на кој не му помогна ниту трипл-даблот на Никола Јокиќ. Грег Попович стана тренер со најмногу победи во историјата, ако се сметаат и регуларната сезона и плејофот. Легендарниот Поп има 1.413 победи, една повеќе од Лени Вилкенс, а три повеќе од Дон Нелсон.

РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија – Бруклин 102-111, Торонто – Орландо 101-104, Голден стејт – ЛА Клиперс 121-104, Денвер – Сан Антонио 96-101.

- Оглас -

Најнови вести